Маричиќ: Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ

news
Advertisement

Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на ова партија кои решија свесно, со политичка одлука, да ја блокираат својата држава во натамошниот тек на преговорите, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Advertisement

Тој оцени дека засега нема изгледи да се донесат уставните измени, но владејачката коалиција не се откажува и ќе продолжи до последниот ден од мандатот на овој собраниски состав да разговара и да ги убедува колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат државата и на дело да покажат дека навистина се за ЕУ.

Според Маричиќ, од декемврискиот Самит на ЕУ се очекуваат охрабрувачки пораки, но не и, како што истакна, нешто спротивно од напишаното во Преговарачката рамка и во она што на земјава и е зададено како обврска уште минатата година.

-Треба да го пречекаме декемврискиот самит. Ние очекуваме да има охрабрувачки пораки, но секако, не можеме да очекуваме да се случи нешто спротивно од она што е напишано во Преговарачката рамка и во она што ни е зададено како обврска уште минатата година. Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Скринингот ќе заврши во првата недела од декември, ние ги подготвуваме и ќе ги испратиме оние патокази што ни се обврска од крајот на скрингот во Првиот кластер и тука ќе застанеме доколку не се завршат уставните измени, а бидејќи во моментот тоа нема изгледи да се счлучи, треба да очекуваме застанување. Но, ние не се откажуваме од тоа до последниот ден на мандатот од овој собраниски состав, да разговараме и да ги убедуваме колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат сопствената држава, да не влезат во еден вртлог, во еден тунел во кој веќе еднаш не внесоа во 2008 година и да соберат сила заедно да го направиле овој потег и одговорноста ќе биде заедничка, но и поените за да докажат на дело дека навистина се за ЕУ ќе бидат заеднички, изјави Маричиќ, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Ѓорче Петров.

За новата ЕУ кампања што треба да се реализира догодина, Маричиќ ги упати новинарите детали да побараат во Владата.

-Кампањата е координарана од Владата и таму треба да побарате детален одговор. Сметам дека е важен секој разговор како европските пари може да помогнат во секоја општина и секое населено место зашто искористувањето на ИПА фондовите за инвестиции прават разлика. Нашата одлука да разговараме и да известиме и за грижите и за досегашните и за новите проекти, мислам дека нема никаква штета секој ден да се разговара повеќе за тоа, зашто нашата стратешка определба е таму и ние треба да извлечеме максимум од тој процес. Сега имаме нов План за раст, ќе треба да се заинтерсираат и бизнисите и граѓаните. Оваа Влада покажа на дело дека ги качува платите и пензиите постојано, не е исклучено едно и друго, треба да се прави и едно и друго. Најкоренто е, како за секој јавен повик и тендер, да ги прашате оној што ги распишува. За капмањата од СЕП имав специјален брифиг, секогаш сум подготвен да разговарам, но за ова ќе треба да прашате во Влада, порача Маричиќ.

Тој во Ѓорче Петров беше придружуван од министерките за труд и социјална политика и за култура, Јованка Тренчевска и Бисера Костадиновска-Стојчевска.

https://fb.watch/osfunqxyW1/?mibextid=Nif5oz

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.