Кумановската полиција фати возач со 3,64 промили алкохол во крвта

news
Advertisement

Кумановец управувал возило со 3,64 промили алкохол во крвта.

Advertisement

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 89 возачи. Од нив, 53 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 9 за управување возило без возачка дозвола и 4 за возачи кои управувале мотоцикли без заштитна опрема . Кај еден од санкционираните за возење под дејство на алкохол биле измерени 3.64 промили, сооошти МВР.

Оттаму додаваат дека, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.