Летаа пари на сите страни: Сузана Гавазова „се тепаат“ кој повеќе да ѝ даде

news
Advertisement

Пејачката едвај ги задржуваше купчето со пари.Гавазова е една од најуспешните и најдобри македонски пејачки на фолк-музика.
Скоро секоја нејзина песна веднаш станува хит, но и таа дефинитивно знае кои песни одлино поминуваат кај публиката.

Advertisement

Нејзиниот последен хит „Бум, бум“ се слуша и надвор од нашите граници.

Освен со глас, Сузана Гавазова освојува и со стас, а кога ќе замеша со колковите никој не останува рамнодушен.

На нејзините настапи е загарантирана луда забава и никој не останува во седечка положба.

Така беше и овој пат.

На социјалните мрежи се појави видео од нејзин настап на една приватна веселба, на која се гледа дека пејачката собрала голема сума на пари како бакшиш.

Со песната „Газда No.1“ таа буквално ги „збудале“ гостите кои веднаш ги извадија паричниците и почнаа да ја даруваат пејачката.

Цело купче пари во рацете на Гавазова, која едвај успеваше да го додржи.

Погледнете:

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.