Милошоски за Сител ТВ рече..МАКЕДОНИЈА ТРПИ ШТЕТА ОД ПЕНДАРОВСКИ И ОД ОСМАНИ Немаме амбасадори во многу земји, обвини Милошоски

news
Advertisement

Работа на претседателот на државата и на министерот за надворешни работи им е според Устав и закон навремено да донесат кадровски решенија за Македонија да има амбасадори во сите земји во светот. Затоа сметам дека со ваквото недејствување 7 години празна амбасада во Пекинг, 6 години речиси празна амбасада во Белград, 5 и пол години без амбасадор во Израел, земјава има претрпено штета, економска, трговска, шанси за промоција на туризам, култура, образование и од аспект на сите безбедносни информации кои сега се важни за Израел, рече Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.

Advertisement

Милошоски укажа дека е побарана одговорност од неговиот претходник, а зрел за одговорност, како што истакна, е и Бујар Османи.

Ако Османи смета дека некои пропусти во минатото ќе ги покријат неговите грешки, во ред, тоа е негова логика, но граѓаните ќе си кажат на наредните избори. Но, според мене никогаш не се случило амбасада да биде без амбасадор 7 години, 6 години тоа е катастрофален пропуст. Втора работа, Османи веројатно заборавил, но ќе го потсетам од 2008 година до 2011 година Османи беше член на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и никогаш не кажал дека имало погрешни решенија. Еве ќе кажам имаше едно погрешно за амбасадата во Катар тоа беше Фуад Хасановиќ од ДУИ кој откако ревизијата утврди финансиски малверзации го отповикавме, но случајот до денес не е расчистен – рече Милошоски.

Најголем проблем во амбасадите е професионален кадар кажа Милошоски кој посочи дека токму тие ќе бидат потребни онаму каде има политички решенија.

– Каде има политички назначувања како она со Никола Тупанчевски во Белград ќе треба повеќе професионален кадар, но имало и исклучоци Благој Ханџиски и Марјан Ѓорчев беа политички решенија, но беа на ниво на задачата, ама има и обратни случаи има пропусти и каде се професионални дипломати. Затоа потребен е баланс – рече Милошоски.

Милошоски укажа дека од денешен аспект смета дека треба да се смени пристапот кон дипломатијата.

– Сега би го сменил пристапот на работата во МНР во рамки на Владата, бидејќи постојат стереотипи дека инвестирањето во дипломатијата е неисплатливо. Но, може да биде многу исплати ако се насочи, ако акцентот се стави на привлекување на странски инвестиции во Македонија – заклучи Милошоски.

Извор: https://plusinfo.mk/makedoni-a-trpi-shteta-od-pendarovski-i-od-osmani-nemame-ambasadori-vo-mnogu-zem-i-obvini-miloshoski/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.