Марија Шерифовиќ ужива во улога на мајка – новите фотографии од бебето ќе ви го стопат срцето

news
Advertisement

Пејачката се топи покрај своето бебенце
Пејачката Марија Шерифовиќ пред крајот на 2023 година се оствари во улога на мајка кога го доби малиот Марио.

Advertisement

Таа својот син го доби од сурогат мајка и сега секое слободно време го користи да ужива со својот наследник.

Тоа впрочем можевме да го видиме и од најновата снимка што ја објави од својот дом покажувајќи како го минува слободното време. Имено, пејачката му ги снимаше ноџињата и покажа како Марио си игра со нив, а видеото веднаш стана вирално на социјалните мрежи и ги воодушеви нејзините бројни обожаватели.

Марио цело време уживаше во креветот и ги поместуваше лево десно нозете, а Марија се топеше додека го снимаше.

Инаку, Марија со своите претходни објави покажа како ја средила детската соба во станот во кој што живее со Марио.

Таа има луксузен имот во елитната населба „Белград на вода“, а откако се роди Марио најмногу и помага нејзината мајка, Верица.

И Верица ужива во новата улога
Како што пренесуваат медиумите, и Верица е толку воодушевена од внукот што сега ништо друго не ја интересира.

Таа наводно изјавила на своите блиски дека ќе ја завори и слаткарницата за да му се посвети на внукот, бидејќи тоа било нејзина животна желба. Таа толку ужива во улога на баба, што на Марија и кажала дека сака повторно да влезат во целата процедура за да добијат уште еден внук. Нејзина желба е Марио да добие братче или сестра, бидејќи и денес и е жал што покрај Марија немала бар уште едно дете во животот, пренесе неодамна српскиот портал „Хепи“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.