МВР затекна диви наплаќачи на паркинг зад Поликлиника Бит Пазар

news
Advertisement

МВР известува дека е направена контрола на узурпираниот паркинг зад Поликлиника Бит Пазар и при тоа била затекнати двајца наплаќачи на диво.
„Денеска (31.10.2023), во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности” по чл.225 и кривично дело „бесправно градење” од чл.244-а од КЗ. На лице место се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале за паркинг услуги. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје“, соопшти полицијата.
Позади објектот на поликлиниката во Бит Пазар граѓаните се принудени да плаќаат паркинг и покрај тоа што парцелите се во државна сопственост и се узурпирани. Парите на граѓаните наместо во касата на болницата, општината или државата, незаконски завршуваат во џебовите на приватни лица. Со години наназад општина Чаир и општинските инспектори дозволуваат да се одвива една ваква активност и не реагираат за ослободување на окупираното земјиште.

Advertisement

Попладнето на 13 мај во Скопје полицијата ги приведе Н.К. (44) и Ш. Д. (42) за „Узурпација” и „Бесправно градење”, бидејќи некаде по 19 часот претходниот ден багер ја срушиле оградата на поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје и започнале со градежни работи за изградба на паркинг простор во дворот на поликлиниката.

Извор: https://faktor.mk/mvr-zatekna-divi-naplakjachi-na-parking-zad-poliklinika-bit-pazar

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.