МВР нема докази за петте мафијашки убиства, но Спасовски смета дека е намален криминалот во државата

news
Advertisement

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека МВР нема докази за убиствата кои се случија во Чаир, Бутел, Шира Бар, на Рузвелтова и во хотелот „Александар Палас“, а кои се поврзани со истите мафијашки банди.

Advertisement

Сепак, како што вели Спасовски, тоа се само пет од 128 кривични дела по кои постапувала полицијата.

Ако гледате процентуално ќе видите колку е висок процентот на расчистување на кривичните дела. Точно е тоа што го изнесувате како факт и тие се случаите 5 кои вие ги набројавте во кои немаме до крај обезбедено докази за извршување на кривичните дела. Меѓутоа тоа се само пет од 128“, рече Спасовски.

Тој рече дека борбата против криминалот довела до намалување на вкупниот криминалитет во државата. Вели дека само оваа година, се намалил за 11 проценти.

За тоа дека главни ликови во јавноста се членови на мафијашки банди и тоа пред очите на полицијата, Спасовски смета дека виновно е општеството.

„За мене е едно сериозно изненадување на вредностите кои ги споделува општеството било каде, што им се остава простор на криминални структури и криминални банди да бидат постојано присутни на социјални мрежи, медиуми, во јавноста. Но, тоа е факт и е нешто со што сите ние живееме“, вели Спасовски.

Извор. https://fokus.mk/mvr-nema-dokazi-za-pette-mafijashki-ubistva-no-spasovski-smeta-deka-e-namalen-kriminalot-vo-drzhavata/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.