Мегапопуларна, а непрепознатлива – погодете која е оваа?

news
Advertisement

Ѕвездата на едно познато реално шоу стана русокоса, ги обели веѓите, се откажа од препознатливата шминка, па единственото нешто по што многумина ја препознаваат е голиот задник надвор од фармерките.
Таа позираше вака за насловната страница на септемвриското издание на списанието „Интервју“.

Advertisement

Станува збор за најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан. Сите се прашуваат каде исчезна нејзината долга црна коса, темниот тен, истакнатите црни веѓи и густите трепки. Изостана и нејзината шминка без која не стануваше од кревет, како и нагласените контури. Без препознатливиот задник, и тоа на првата фотографија, можеби ќе поминеше како една од двојничките на Лејди Гага.
Ким позираше за септемвриското издание на магазинот „Interview“. Поточно, 8 години по нејзиното култно голо издание за насловната страница во магазинот „Paper“. Старлетата го претставува „Американскиот сон“ во септемвриското издание и тоа во облека на Ботега Венета.


Ким носеше и долна облека со американското знаме, црвено боди од Норма Камали, црн ѓердан со шилци на Гучи, црна кожна јакна на Сент Лорен, а класичната бела маичка без ракави и широките фармерки се потпишани од Ботега Венета.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.