Медиумско присуство за зголемување на транспарентноста во работата на судовите

news
Advertisement

Судењата се јавни но медиумските камери од судница придонесуваат поголема транспарентност и приближување на судските процеси до јавноста. Американската новинарка Рашел Коен од Бостон Глоуб за Телма објасни како фунционира системот на снимање на судски процеси во Масачусец.

Advertisement

Скопскиот Кривичен Суд изминатите години дозволуваше снимање на завршните зборови и пресудите во дел од предметите што ги следат медиумите но искуството што го презентира Коен покажува воспоставен систем кој важи целосно за судењата.

„Работите како дозволување да има камери во судниците, на редовна основа а не само за специјални судски процеси. Значи, вие како новинар да ја внесете јавноста во судниците. Секој пат кога ќе донесета камера во судницата, со тоа ја внесувате и јавноста таму. Ќе му ги претставам на Советот причините заради кои ние го направивме тоа во Масачусец. Веќе е рутина кај нас да имаме камери во судниците. Направено на контролиран начин, да нема премногу камери. Една! Само една камера“- вели Коен.

Електронскиот систем за заведување на судски документи и предмети во Масачусец им овозможува на новинарите преку компјутер да имаат пристап до сите судски одлуки, но дополнително отвореноста на судовите се гледа преку пристапот на новинарите до записниците од судења.

На тој начин читајќи ги транскриптите од тоа што се било кажано на судењето медиумите можат и точно да пренесат и од рочишта на кои не присуствувале.

„Значи, транскриптот од судење за убиство на пример, може да го добиете. Тие се достапни за јавноста, но можеби ќе ви ги донесат во кутија. Затоа што тоа е судење кое траело со недели. Повеќе недели. Може да се договорите со судот да ги добивате тие транскрипти во реално време. Но, скапо е. Тоа е нешто што весниците можеби ќе сакаат да го направат, ако немаат новинар кој ќе седи таму секој ден. Но тие се со статус на јавни информации.Нашите федерални судови се многу добри во тоа. Нашиот систем во федерални судови се нарекува „Пејсер“. Многу е пристапен. На интернет. Можете да нарачате транскрипти и предвреме. Ако знаете дека ве интересира некое судење и тоа треба да почне. Можете преку интернетот да го нарачате тој транскрипт, да го нарачате на дневна основа, по крајот на секој ден од судењето. Може да го нарачате на крајот на судењето. Може да го нарачате и една година подоцна“ –вели Коен.

Новинарката Коен која е и член на судско медиумскиот комитет во Масчусец беше гостин на македонскиот судско медиумски совет и на работилница со новинари и судии ги сподели искуствата и начините како да се подобри транспарентноста и соработката.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.