МИЛОШОСКИ ГО ПРЕДУПРЕДИ ОСМАНИ Министерот да внимава кога бара затворени седници

news
Advertisement

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски упати апел до министерот за надворешни работи Бујар Османи да размисли кога и дали е потребно да се класифицираат информации коишто ги претставуваат амбасадорите, и до пратениците на ДУИ секој да поднесе најитно барање за добивање национален безбедносен сертификат за да може да си ја исполнува улогата на пратеник во секоја ситуација.

Advertisement

– Оваа седница ја почнавме пред одреден период и по барање на МНР за истата мнозинството донесе одлука да биде затворена заради доверливост на одредени материјали што се доставени од МНР, а поврзани со амбасадорите и тогаш владејачкото мнозинство изгласа одлука седницата да биде од затворен карактер за јавноста. Денеска имавме прв обид да ја продолжиме седницата во форма во која што работевме, односно затворена седница, но констатирам со жалење дека голем дел од пратениците од владејачкото мнозинство особено од партијата ДУИ немаа национални безбедносни сертификати и не можат да присуствуваат на таква седница, ниту пак да направиме кворум за да продолжи и да работи во тој формат – рече Милопоски на прес – конференција во Собранието.

Седницата продолжи откако амбасадорката која беше следна за излагање на тези Евгенија Илиева која е кандидат за амбасадор во Братислава во името на МНР побара седницата да биде од отворен карактер.

На новинарско прашање, Милошоски појасни дека седницата кога беше испратен амбасадорот во САД беше затворена на барање на МНР, но на почетокот присуствувале сите пратеници и мнозинството одлучило да биде затворена, а при тоа гласале и оние пратеници кои немале безбедносен сертификат да учествуваат во работа на затворена седница. Според него, по однос на амбасадорите треба да имаме отворени седници за јавноста, но вели, мнозинството на крајот ја носи одлуката.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.