Мисијата на КФОР ги отстрани последните барикади на север во Косово

news
Advertisement

Мировната мисија на Косово предводена од НАТО (КФОР) денеска го заврши отстранувањето на последните неколку возила што ги блокираа патиштата на северот на Косово, објави Алијансата во соопштение на својата веб-страница.

Advertisement

Демонтирањето на последните барикади беше извршено со распоредување инженерски единици … и беше спроведено „брзо и на безбеден начин со цел да се избегнат инциденти и други ризици за локалната безбедност. Оваа акција беше спроведена во согласност со мандатот на КФОР, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да се обезбеди безбедна средина и слобода на движење за доброто на сите заедници кои живеат на Косово, се наведува во соопштението на НАТО.

Отстранувањето на барикадите, како што се наведува, следело по „интензивните напори“ на НАТО и на Европската унија за намалување на тензиите на северот на Косово, со клучна поддршка на мисиите на КФОР и ЕУЛЕКС, предводени од ЕУ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.