Мистеријата на црниот фластер: Сите мислеле дека Серена праќа некаква порака, но – ова е вистината

news
Advertisement

Некогаш најдобрата тенисерка на палентата, Серена Вилијамс, на УС Опен се појавила со црн фластер на лицето, па тој детаљ привлекол големо внимание.
Американската тенисерка се пласирала во второто коло на Отвореното првенство во САД во Њујорк, поради тоа што ја победи 80-та тенисерка на светот Данка Ковиниќ од Црна Гора и своето збогување од тенисот го одложи за уште едно коло.

Освојувачката на 23 гренд слем титули пред три седмици најавила дека УС Опен ќе биде нејзин последен турнир во кариерата поради тоа што сака да се посвети на семејството и работните обврски.
А, додека не оди во пензија љубителите на тенисот ќе уживаат во нејзините потези на терен, а оние кои се прашуваат зошто во текот на натпреварите во Њујорк носи црн фластер на лицето, конечно ќе добијат одговор.

Иако многу од навивачите помислиле дека можеби со тоа сака да испрати некаква порака, сепак вистината е различна.
Станува збор за медицински фластер којшто е дизајниран така што би и помогнал со проблемите со синусите кои таа ги има, и – тоа е цела мистерија со црниот фластер на лицето којшто славната тенисерка го носи.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.