Мицковски најави собирање на потписи за референдум, за поништување на договорот со Бугарија

news
Advertisement

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го усвои референдумското прашање кое ќе гласи:

Advertisement

„Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“

На прес конференција претседателот Христијан Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција во ЕУ, но не поддржува асимилација и идентитетско обезличување.

– Овој Извршен комитет следи по широките консултации кои ги направив изминатиот месец дена. Разговарав и се консултирав со експерти и професори по уставно право, коалициските партнери, пратениците при што заеднички стигнавме до решение кое беше потврдено едногласно од страна на Извршниот комитет. Се донесе одлука да граѓанска иницијатива за собирање на потписи за распишување на референдум и во наредната недела ќе собереме најмалку 100 квалификувани потписи со што таквата иницијатива ќе биде доставена до Собранието. На оваа иницијатива прво потпишан ќе бидам јас, Извршниот комитет на партијата, пратениците. По што очекувам Собранието во брзи рокови да ја легитимира и одобри иницијативата по што ќе започнат роковите за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум, повторувам задолжителен референдум – истакна Мицковски

Тој кажа дека референдумското прашање ќе се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија кој Заев го склучи со Борисов. Тој е изворот и почетокот на сите проблеми за Македонија и основата по која потоа Бугарија ги темелеше своите максималистички барања и позиции, затруеното дрво раѓа затруени плодови. Раскинувањето на овој договор ќе значи раскинување на барањата за промена на учебници, спорење на јазикот историјата, културата итн.

– Затоа референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди Извршниот комитет на партијата: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?

– ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа за престанување на важноста за овој штетен договор. Очекувам власта да дозволи да се изјасни народот и да се стави крај на уцените притисоците и кочењата на Бугарија. Ова да биде одговор на народот за својата Македонија и за нашата заедничка иднина – порача Мицкоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.