Мицкоски: Бегаат од референдум, но нема да избегаат од следниот изборен пораз

news
Advertisement

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за неделникот Фокус се осврна на неколку актуелни политички прашања во Македонија.
„Нашиот потег беше со цел да го извадиме Пендаровски на површина. Ако ние влезевме во замка, тогаш можеше многу лесно Џафери да ја одбие иницијативата, зошто ќе речеше дека ова не е во ингеренции на Собранието, туку во ингеренции на владата. А сега не е во право што ја оспори иницијативата, направи насилство зошто договорот со бугарија е ратификуван од Собранието. Нашата намера е народот да може да се произнесе дали е за напуштање или за останување во тој договор. Каква и да биде излезноста на еден таков референдум, без разлика дали власта ќе го бојкотира или не, ние под овие околности немаме намера да ги гласаме уставните измени. Овие околности не даваат одговор на нашиот пат кон ЕУ, зошто потоа ќе следат нови и нови околности”.

Advertisement

Според Мицкоски крајната цел на бугарија е да докажат дека македонскиот народ има Бугарски корени, а историјата и културата имаат бугарска нота.

„Уставните измени нас ни го отвораат патот кон проблемите. Тогаш на една маса ќе преговараме за европски стандарди, транспорт, здравство, образование, владеење на право, а на друга маса за Самоил, Климент, Наум, преродбениците, илинденците. Без разлика што на едната маса ќе ги постигнеме критериумите, ако на другата маса не прифатиме дека во Втората светска Војна Бугарите не биле окупатори, туку администратори, бадијала што на првата маса сме се договориле- вели Мицкоски. Првите документи откако почнавме да преговараме, како што тврдат, е за средниот век и за Самоиловата држава, за Кирил и Методиј, Климент и Наум. Е па, ако не преговараме за историја, тогаш првиот документ нека биде некој грант од ЕУ од милијарда ипол евра за изградба на коридорот 8 и 10″, дополни Мицкоски.

Тој заклучи дека излезот од ваквата ситуација е заедно сите на референдум да се изјаснат, да излеземе од Договорот и повторно да седнеме на маса да преговараме нов договор во кој нема да има такви замки.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.