„Монструми шетаат меѓу нас“: Девојка објави фотографии од месо прободено со шајки, оставено за животни во Ѓорче Петров

news
Advertisement

На социјалните мрежи често се објавуваат фотографии од корисниците за нехуманоста на поединци кон животните, а фотографиите на кои парче салама е прободено со голем број шајки и оставено за животни во Ѓорче Петров предизвика голем број осуди и негативни коментари.

Advertisement

Една девојка на Фејсбук објави две фотографии од парчето салама кое било фрлено низ улиците во скопската населба Ѓорче Петров.

„Монструми шетаат меѓу нас! При прошетка со кучињата, ова го најдовме во Ѓорче. Сликата ќе каже повеќе од кој било збор. Внимавајте на вашите миленици! И споделете за што повеќе луѓе да се информираат. Локација: Ѓорче, во близина на матичното, улица Виа Игнатија“,напиша таа во објавата во Фејсбук групата „Миленичиња“.

Во коментари, граѓаните тврдат дека ова не е првпат да најдат такво парче месо на истата улица.

Сопствениците на кучиња велат дека не се чувствуваат безбедно да ги шетаат милениците без маска, а се загрижени за уличните и бездомните кучиња за кои нема кој да се грижи.

„Монструм. Колку треба да имаш болен ум за ова да го направиш“, „Шетање без маска е ризик. Тешко на уличните“, „Страшно“, се дел од коментарите под објавата.

ИЗВОР. https://tocka.com.mk/vesti/468914/monstrumi-setaat-megju-nas-devojka-objavi-fotografii-od-meso-probodeno-so-sajki-ostaveno-za-zivotni-vo-gjorce-petrov

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.