Мухамед Зекири: Не можам да заработувам и да се грижам за семејството

news
Advertisement

Мислам дека сите аргументи што јас и мојата одбрана ги истакнавме се вистинска основа за да донесете единствена и правична одлука за мое ослободување од обвинението, изјави денеска во судот Мухамед Зекири, поранешниот генерален секретар на Владата. кој е обвинет за „злоупотреба на службената должност“. Зекири на рочиштето истакна дека доживеал тешки моменти, откако неговиот брат починал, додека на сопругата и била констатирана тешка болест. Како резултат на тоа, рече Зекири во завршните зборово пред пресудата за злоупотреба од 58 милиони денари за физибилити студија, 593 дена е жигосан во јавноста, а немал можност да заработува за да се грижи за своето семејство.

Advertisement

„Со ослободителната пресуда оценувам дека судот ќе стави крај на мојата агонија и страдање, но и на членовите на моето семејство кои 593 дена го живеат животот како колатерална штета на овој процес на обвинение. На почетокот на годината ненадејно почина мојот помал брат, оставајќи зад себе 3 малолетни деца, а потоа на мојата сопруга, како што е документирано во судот, и е констатирано тешко заболување. Нејзиното лекување трае веќе 9 месеци, се уште не е завршено и не знаеме како ќе заврши. 593 дена откако бев жигосан пред јавното мислење, не сум имал можност да заработам приходи за да се грижам и да им помагам на моите 4 деца. Во овој период сите материјални обврски паѓаат на товар на родителите на сопругата, бидејќи тие се дојдени во Скопје од дијаспората да се грижат за нас целосно“, рече меѓу другото Зекири.

Судењето за Зекири почна од почеток откако, според измените на Кривичниот законик, предметот каде што тој е обвинет за „злоупотреба на службената должност“ е преквалификуван и има шанса за помала казна.

Обвинителството го товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година, во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од еден милион евра, поточно 147.000 евра повеќе од преддоговорот од 795.000 евра.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *