МУ СЕ ЛИЗНАЛА ПУШКАТА И СИ ПУКНАЛ ВО СТАПАЛОТО Ловџија од Жеровјане се самоповредил

news
Advertisement

Во СВР Тетово вчера е пријавен несекојдневен случај на повредување на ловџија од селото Жеровјане. Инцидентот се случил во месноста „Стенечки борови”, атар на тетовско Стенче. – Вчера (18 декември) во 10 часот во СВР Тетово е пријавено дека М.И.(69) од тетовско Жеровјане, во месноста „Стенечки борови”, атар на тетовско Стенче, каде бил на лов со уште три лица, сам се повредил во десното стапало. Според пријавеното, тој неговата ловечка пушка ја оставил до возило, а кога било стартувано возилото, пушката се лизнала, паднала и испукала еден проектил кој го погодил М.И. во стопалото. Тој бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош – информираат од СВР Тетово.

Advertisement

На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Полицијата ќе презема уште мерки со цел да се расчистува и документира случајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.