Уапсен возачот што прегази 11 годишно девојче во Велес

news
Advertisement

Денеска (19.12.2022) во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото.

Advertisement

Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.