Анкета на ИРИ: Над половина од граѓаните сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока

news
Advertisement

Незадоволство од насоката во која се движи земјата, поддршката за членство во ЕУ, зголемување на позитивните перцепции за Турција и Кина, покажува најновата анкета на ИРИ за Македонија.

Advertisement

Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија покажува незадоволство од насоката во која се движи земјата, силна поддршка за членството во Европската Унија (ЕУ) и покрај падот од 11 проценти и зголемување на позитивните перцепции за Кина и Турција.

На прашањето за насоката на движење на земјата, само 13% од македонските граѓани одговориле дека земјата се движи во вистинска насока додека 58% одговориле дека се движи во погрешна насока. Дваесет и осум проценти од испитаниците биле неутрални.

„Со зголемувањето на инфлацијата и цената на електричната енергија и другите економски предизвици со кои се соочува Северна Македонија во моментов, нашите податоци покажуваат дека луѓето не веруваат дека земјата се движи во вистинската насока“, рече Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа. „Креаторите на политики на национално ниво ќе треба да останат фокусирани на економските прашања доколку сакаат да ги сменат овие бројки“.

Анкетата исто така покажа силна поддршка за членството во ЕУ, и покрај падот од 11 процентни поени од ноември 2021. Седумдесет и три отсто од македонските граѓани сакаат да влезат во ЕУ, а 24 отсто не се за влез во ЕУ.

„Многу е охрабрувачки да се види таква силна поддршка за членство во ЕУ, бидејќи има и недемократски актери кои напорно работат за да ја подобрат својата положба во земјата“, рече Мекарти.

Анкетата покажа дека 87 отсто од македонските граѓани силно се согласуваат или донекаде се согласуваат дека силните односи со Турција најдобро и служат на интересите на земјата. Шеесет и пет проценти истото го мислат за Кина. Овие бројки претставуваат мало зголемување од претходната анкета на ИРИ, и за Турција, и за Кина.

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл). Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Беше анкетиран национално репрезентативен примерокот од 1,207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2.8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69 %.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.