Шварценберг: Русија ќе се распадне

news
Advertisement

Поранешниот министер за надворешни работи на Чешката Република Карел Шварценберг очекува, како последица на војната во Украина, распад на Русија.

Advertisement

Процесот на деколонизација ќе продолжи во Руската Федерација. Русија ќе се распадне. Поголемите делови ќе станат независни штом можат“, предвиде Шварценберг за весникот „Пресе“.

Во тој поглед, тој ја спореди Русија со Германија, која, како што вели, „се излечила од империјализмот по поразот во Втората светска војна“.

Според него, Русија постојано се шири од 15 век, а за генерацијата на претседателот Владимир Путин, распадот на Советскиот Сојуз беше „најголемата катастрофа на 20 век“, што тој сака да ја поправи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.