Наводната секс снимката не попречи судијата Авдија да стане претседател на Граѓански суд – Скопје

news
Advertisement

Членовите на Судскиот совет имаа само пофални зборови за судијата Бесник Авдија, и покрај тоа што вчера во своите сандачиња добиле анонимно писмо со снимка од наводен секс скандал со судијата.

Advertisement

Авдија е избран за претседател на Граѓански суд – Скопје, оценет со 172 поени. Неодамна граѓанин за работата на судијата Авдија доставил две претставки до Судскиот советот. За претставките ги информирал и амбасадите на САД, Франција, Германија, Холандија и Делегацијата на ЕУ.

„По неговото именување како судија во Основен граѓански суд Скопје, Бесник Авдија како судија на овој суд, за неговите биолошки потреби вршеше сексуални дејствија со вработена во овој суд во службени простории на овој суд. За овој настан постои и видео клип. За тоа дека постои таков видео клип ви предлагам да се обратите до претседателот на овој суд, Илир Сулејмани и од него да побарате подетални информации“, пишува во претставката доставена пред две недели и во Судскиот Совет.

Видео снимка, за која се тврди дека е со Авдија и негова колешка, која работи во судот беше објавена пред неколку години. Во снимката се слуша како двојката прво се расправа, а потоа се смирува и завршува со бакнежи и гушкање.

Граѓанскиот суд – Скопје го води претседателот Илир Сулејмани, кој се очекува да напредува и стане апелациски судија.

ИЗВОР: https://mms.mk/334665/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.