Најубавата жена на светот пристигна во Венеција: Едноставна, а изгледа како милион долари

news
Advertisement

Италијанската актерка Моника Белучи денеска се појави на 79. Филмски фестивал во Венеција. За среќа, традиционалната манифестација нема да помине без големата италијанска и светска ѕвезда која заедно со останатите членови на екипата го промовира филмот „Siccita“.

Advertisement

Славната Италијанка, прогласена и за најубава жена на светот, на денешната промоција носела едноставна летна комбинација: елегантни панталони, блуза со шарен принт и црни сандали со висока потпетица.

Едноставно – како и најчесто, и овој пат била одлично стилизирана. Моника, инаку, има карактеристична смисла за мода.

Во Венеција денеска ја гледаме во модно издание кое е посмирено од нејзините впечатливи фустани во кои може да се појави. На себе носи и гломазни очила за сонце кои дури станаа и еден од нејзините препознатливи модни додатоци.

Можеби поради добриот избор на облека или нешто друго, Моника изгледа како да е во навистина добра форма, а познато е дека последниве години варира со нејзината тежина.
Забележуваме и дека нејзиното лице изгледа многу освежено. Со оглед на тоа дека актерката важи за ѕвезда која не сака пластична хирургија или други вештачки методи на разубавување, големи се шансите да не подлегнала на трендот „вечна младост“. Убавата актерка изгледа помладо од претходните фотографии направени неодамна.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.