НАЈУБАВАТА РУСОКОСА ТОТАЛНО СЕ УНИШТИЛА: Зависноста од операција скапо ја чинела, се обидела да му го одгризе носот на вереникот

news
Advertisement

Хедер Локлир порано беше најубавата русокоса во Холивуд, а на домашната публика и е најпозната по улогата на фаталната Аманда во серијата „Мелроуз Плејс“. Актерката со години не се појавуваше во медиумите, а на ретките фотографии кои папараците успеаја да ги направат, беше јасно дека малку останало од нејзината убавина.

Advertisement

Во март оваа година, борбената актерка, за чија зависност од алкохол и неуспешните операции на големо се пишуваше и покрај тоа што се држеше подалеку од очите на јавноста, изненади со одлуката да и се врати на својата голема љубов – и како што самата призна, по ваквата долга актерска пауза била целосно преплашена.

Филмот ‘Don’t Sweat the Small Stuff: The Kristine Carlson Story’ нема да се прикажува во кино, туку на телевизија, а Хедер ја доби улогата на Кристин Карлсон, според чија вистинска приказна е снимен филмот.

За подобро да се подготви за филмот, Хеди ја запознала вистинската Кристин и побарала совет од неа како што подобро да го претстави нејзиниот лик. Ги прифатила сите нејзини инструкции и го направила снимањето како што треба, но признала дека била многу загрижена како ќе испадне се бидејќи со години не снимала и тешко го памтела текстот.

Сето тоа е како возење велосипед, никогаш не го заборавај тоа“, се пошегувала актерката за себе. Иако нејзините обожаватели со нетрпение го очекуваа враќањето на славната актерка, појавата на Хедер Локлир малку ги разочара, а на крајот најмногу се коментираше нејзиниот изглед, особено нејзиното лице отечено од ботокс.

Неодамнешните фотографии докажаа дека во меѓувреме ништо не се сменило, барем не на подобро, и дека актерката се уште изгледа подуено и отечено. Деновиве била снимена на улиците на градот Калабасас во близина на Лос Анџелес и навистина е тешко да се препознае.

На фотографиите ја гледаме Хедер како оди во панталони, скинати напред и апостолки на нозете, а под мишка го носи своето куче Харли. Иако беше објавено дека таа се свршила со својата средношколска љубов Крис Хајзер во април оваа година, на нејзината рака не е забележан веренички прстен.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.