Претседателот Пендаровски и сопругата оддадоа почит пред посмртните останки на кралицата Елизабета Втора

news
Advertisement

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓеоргиевска попладнево присуствуваа во Вестминстерската сала во Лондон каде е изложен ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета Втора.

Advertisement

Пендаровски на својот фејсбук-профил објави видео на кое се гледа како тој со сопругата оддаваат почит пред посмртните останки на кралицата.

Претседателот се потпиша и во книгата на жалост, а утре ќе присуствува на погребот на кралицата во Вестминстерската палата.

„Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија“,

напиша Пендаровски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.