Силно невреме денеска зафати делови од Загребската жупанија. Во некои места во Загреб, освен пороен дожд и силен ветер, имаше и град со големина на лешник.
Со повремена умерена и силна облачност можна е појава на врнежи од дожд и грмежи, особено на запад, а на места врнежите ќе бидат поизразени, предупредуваат од ДХМЗ.
Издадено беше и жолто метео предупредување. Веројатноста за грмотевици денеска во главниот град на Хрватска надмина дури 40 проценти.
Внимавајте на можни посилни грмотевици. Особено внимавајте на изложените места како планини, шуми и ливади или отворени полиња. Можни се прекини во активностите на отворено“, соопшти денеска ДХМЗ.
Фејсбук страницата „Крометео“ објави неколку слики од невремето што го зафати Загреб, а на една од нив се гледа градот.
Силно невреме зафати повеќе региони во Хрватска, а видеото од невремето на Твитер го објави и поранешната министерка за заштита на животната средина, Мирела Холи.
„Загреб токму сега, ново невреме. Не, нема климатски промени“, напиша таа.