Неконтролиран сателит денеска ќе падне на Земјата

news
Advertisement

Неконтролиран сателит, познат како ERS-2, кој беше лансиран пред речиси 30 години, според научниците денеска ќе падне на Земјата. Европската вселенска агенција (ESA) истакнува дека е невозможно точно да се предвиди кога и каде ќе се случи тоа, бидејќи повторното влегување во атмосферата е природно и неконтролирано од луѓето.
ERS-2 треба да се распадне на парчиња, а повеќето од тие парчиња треба да изгорат за време на минување низ атмосфера
ЕСА ја објави својата најнова прогноза во понеделникот, предвидувајќи дека сателитот повторно ќе влезе во атмосферата во среда во 11:14 часот по ET, или 15:19 часот по Гринич, што е 16:19 часот по наше време, со можно отстапување од 19 часот поради непредвидливата сончева активност.
Сателитските фотографии, направени меѓу 14 јануари и 3 февруари, покажуваат дека ERS-2 бил на надморска височина од повеќе од 300 километри. Моментално е на надморска височина од околу 200 километри и паѓа со брзина од над 10 километри дневно, со брзо забрзување. Се очекува да почне да се распаѓа кога ќе достигне надморска височина од 80 километри, а потоа поголемиот дел од него ќе изгори при повторното влегување во атмосферата. Иако постои можност некои фрагменти да стигнат до површината на Земјата, тие најверојатно ќе паднат во океанот.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.