Немав никаков притисок да го разрешам д-р Јовев, тврди министерот Меџити

news
Advertisement

Меџити уште кажа дека се утврдени нерегуларности во работењето на клиниката, откако стигнале информации до Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ).

Advertisement

Министерот вчера кажа дека законот ќе важи за сите, дека нема да толерира директори кои седат и спијат по пет години, 10 години, кои немаат никаков резултат.

„Кој нема да сработи, ќе биде отпуштен од функцијата“, рече Меџити.

Вчера во ексклузивна изјава за МКД.мк проф. д-р Сашко Јовев рече дека решението за разрешувањето не го примил бидејќи за првпат е на боледување, но дека му било јавено оти е разрешен иако, како што нагласи, освен партиски побуди на министерот, сигурно дека не постојат други причини бидејќи резултатите од работата самите по себе говорат.

Тој за денеска напладне најави прес конференција а брифинг со новинарите во 15 часот закажа и министерот Меџити.

По неговото разрешување, јавноста сѐ повеќе го критикува разрешувањето, а му дава поддршка на доктор Јовев.

Јас не се плашам дека некој ќе ме смени. Ако има грешка од моја страна стојам на располагање, одговори Меџити на новинарско прашање дали се плаши дека ќе ја загуби функцијата по смената на доктор Сашко Јовев од директор на Клиниката за кардиологија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.