Битола задушена во долгови, Левица прашува: Дали Мицкоски ги задолжува општините за да ги финансира скапите предизборни кампањи?!

news
Advertisement

ДПМНЕ во Битола со 15 милиони денари долг ги загуши јавните претпријатија за една година, велат од политичката партија Левица од каде прашуваат дали Мицкоски преку задолжувањето на општините ги финансира неговите скапи кампањи.

Advertisement

-Погубниот тренд на генерирање долгови на јавните претпријатија и нивно катастрофално менаџирање продолжува и со локалната власт на ДПМНЕ. Наместо КРИВИЧНИ пријави за корумпираното работење на претходните локални власти од СДС поради неодговорно раководење со јавните претпријатија, градоначалниците на ДПМНЕ продолжуваат да ги задолжуваат општините и општинските претпријатија.Катастрофална е ситуацијата во општина Битола, со која раководи градоначалникот од редовите на ДПМНЕ, Тони КОЊАНОВСКИ. Финансиските извештаи покажуваат дека, само во една година, долгот во три јавни претпријатија во оваа општина се зголемил за неверојатни 15 милиони денари!

Најкритична е состојбата во битолското ЈП Водовод, каде долгот се зголемил за 10 милиони денари и на крајот од 2022 година изнесувал речиси 18.500.000 денари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.