Нема потврда од ДУИ дека Али Ахмети ќе биде нивни кандидат за претседател на Македонија

news
Advertisement

Од Мала Речица и денеска ниту потврдуваат, ниту демантираат дека Али Ахмети ќе биде нивни претседателски кандидат… велат таква иницијатива има, но партијата се уште нема конечен став и сите опции остануваат отворени.

Advertisement

Коментирајќи ја ваквата можност, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски од Охрид го повика Ахмети да се кандидира за претседател за како што рече да биде испратен во незаслужена политичка пензија. Мицкоски смета дека Ахмети треба кандидатурата да ја соопшти јавно, а не преку платени портали од неговиот најбизок соработник.

-Го охрабрувам господинот Ахмети да се вклучи во една таква трка. Можеби би го советувал доколку му значи мојот совет, да не го објавуваат портали кои што ги плаќа кабинетот на неговиот најблизок соработник. Мислам дека треба да се охрабри и сам да ја најави кандидатурата. Ако тој цени дека ќе постигне резултат кој што ќе биде значаен, тогаш зошто да се крие позади такви портали кои што се финансираат со народни пари. Тоа ќе му биде одлична можност за незаслужена политичка пензија“ – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Мицкоски го поздрави и обединувањето на опозициските партиите на Албанците и оцени дека е дојден крајот на, како што ја нарече, најдолговечната политичка партија во власт ДУИ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден е во победа на претстојните избори и формирање на идната влада. СДСМ според него го манипулира членството со тезите дека би останале на власт здружени со другите партии.

– И тука има две скриени пораки. Првата е, ако е точно тоа што тие го кажуваат, тогаш како тоа не можело идна влада да биде замислена без ДУИ со 12, 13, 14 пратеници, а можеме да имаме идна влада без ВМРО-ДПМНЕ со 57 – 58 пратеника. Нека излезат на улица, нека го прашаат народот што мисли за тоа, па ќе им каже народот што мисли за таа нивна замисла. И втората скриена порака е кон нивното членство, манипулативна, се разбира за да можат да ги мобилизираат дека еве ние ќе изгубиме, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, но ние сме тие кои заедно со сите останати ќе направиме Влада,- вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Според роковниците кои ги усвои ДИК за седум дена почнува собирањето потписи за претседателските избори закажани за 24 април и ќе трае до 8 март. Изборната кампања започнува на 4 април на полноќ и ќе трае до полноќ на 22 април. Во меѓувреме ќе започне и кампањата за парламентарните избори што ќе се одржат на 8 мај.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.