Нема промена во блок тарифите, одлука за цената на струјата во наредните две недели

news
Advertisement

Пред да се донесе конечната одлука ќе треба да се види колку ќе бидат трошоците за загуби на електрична енергија, односно цената по која што ќе се понуди на тендерите кои ги распишаа МЕПСО и ЕСМ, вели Бислимоски

Advertisement

Во наредните десетина дена енергетските компании во државата се очекува да ги достават барања до Регулаторната комисија за енергетика во однос на цената на електричната енергија, по што РКЕ ќе донесе и конечна одлука дали од Нова година ќе има поскапа струја за домаќинствата. Она што е познато е дека нема да има промена на блока тарифите, кои ќе важат и понатаму.

„Прво да видиме по која цена ЕСМ ќе понуди на ЕВН хоум. Во моментов таа цена е 48 евра за мегават час која што е далеку пониска отколку што е реалната цена на ЕСМ“, изјави денеска на прес-конференција Марко Бислимоски, претседател ан Регулаторната комисија за енергетика.

Тој посочи дека пред да се донесе конечната одлука ќе треба да се види колку ќе бидат трошоците за загуби на електрична енергија, односно цената по која што ќе се понуди на тендерите кои ги распишаа МЕПСО и ЕСМ.

„Доколку на тие тендери има екстремно високи цени, што е многу веројатно бидејќи денеска на ХУПЕКС цената е нешто над 400 евра за мегават час, ќе видиме дали повторно ќе има потреба ЕСМ да дава далеку пониска цена за загубите отколку таа што би била на слободниот пазар на електрична енергија“, рече Бислимоски.

Тој додаде дека кога РКЕ ќе ги има резултатите од овие три тендери, кои што горе-долу ќе завршат во ист период, тогаш компаниите ќе достават барања до РКЕ и врз база на тие трошоци кои што ги имаат, ќе се донесе соодветна одлука.

„Тендерите се веќе објавени и некаде во следните десетина дена ќе се достават понудите и ќе се евалуираат понудите што ги доставиле трговците, односно снабдувачите со електрична енергија“, рече Бислимоски.

Станува збор за тендери за набавка на електрична енергија за универзалниот снабдувач ЕВН хоум, и постапките за набавки на загуби на електрична енергија во МЕПСО и во Електродистрибуција.

Во однос на постојните блок-тарифи, како и зголемувањето на ДДВ од пет на 10 отсто од 1 јануари, Бислимоски не се прават никакви измени како и дека постојните блокови ќе продолжат да се применуваат и понатаму.

„Резултатите од јули до октомври се добри, има преку 16 отсто намалување на потрошувачката: Сепак, тоа не се најреферентни месеци, вистинската примена на блоковите, односно како влијаат на намалување на потрошувачката, ќе ја видиме од ноември до февруари, бидејќи тие се месеци кога се греат луѓето“, вели Бислимоски.

Во однос на цените на домаќинствата тој посочи дека е факт дека преку 99,5 проценти влегуваат во трите блока, така што кога ќе бидат доставени барањата од страна на енергетските компании, ќе се анализираат и цените кои што ќе бидат во сите блокови.

Во однос на најавата за воведување блок тарифи и за малите потрошувачи, Бислимоски рече дека анализите во најголем дел се готови, но за разлика од потрошувачката кај домаќинствата, кај малите потрошувачи има голема шареноликост, бидејќи има потрошувачи и со 100 илјади киловат часови потрошувачка на месечно ниво, има и потрошувачи со 500 киловат часови на месечно ниво.

„Ќе се обидеме врз основа на овие податоци да најдеме соодветен модел доколку е можно, се со цел на оние со голема потрошувачка да не им наштетиме и да имаат високи цени бидејќи производните процеси во нивните фабрики бараат да имаат голема потрошувачка и за тоа не треба да бидат казнети“, рече Бислимоски.

претседателот на РКЕ.

Тој додаде дека ако се анализира така, тогаш загубите на електрична енергија кои што се набавувале на слободниот пазар од МЕПСО и од Електродистрибуција од 2012 година до сега исто така се обезбедувале на слободниот пазар на електрична енергија од увоз.

„Но, сега одеднаш од 2012 до 28 февруари 2022 тоа не се сметало за увоз, а сега кога го прави ЕСМ се смета за увоз“, реагираше Бислимоски на обвинувањата од дел од партиите. „Верувајте на фактите и податоците кои што ги кажува РКЕ“, рече тој.

Бислимоски тврди дека и оваа година потреби за увоз за потребите на мали потрошувачи и на домаќинства ќе беа нула денари доколку не се случуваа преминувањата од слободниот на регулираниот пазар. Истото се однесува и на потребата за увоз на електрична енергија за регулираниот пазар од 1 јануари, која според него ќе биде нула денари.

Во однос на компаниите што се префрлаа од слободниот на регулираниот пазар, односно за околу 3.000 мерни места, Бислимоски вели дека тоа што го направиле, го направиле во март и во април, односно дека биле известени институции кои што можат да вршат инспекциски надзор.

„Владата во средината на ноември донесе одлука со која што им наложи на сите компании кои што биле на слободниот пазар, заклучно со 31.12.2021 година истите од 1 јануари 2023 година да се вратат на слободниот пазар на електрична енергија. Сигурно има случаи некои да треба останат на регулираниот пазар, но препорачуваме операторот на електро дистрибутивниот систем да излезе на терен и да направи проверка за да не се случува тоа што се случи“, рече Бислимоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.