Неофицијално референдумско прашање: „Дали сте за прекинување или поништување на договорот со Бугарија?“

news
Advertisement

Дали сте за прекинување или поништување на договорот со Бугарија – вака според високи партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе гласи референдумското прашања кое вечерва треба да добие зелено светло од Извршниот комитет на најголемата опозицикска партија.

Advertisement

Според истите извори дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки ќе се решава вечерва.

Иницијативата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од Собранието отворање на канцелариите на ДИК за собирање 150 000 потписи се очекува неделава, а ќе биде поднесена со 100 потписи, меѓу кои и од раководството и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

По вечерашниот состанок на Извршниот комитет, изјава се очекува да даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.