Advertisement
Возач со товарно возило прегазил малолетен пешак во Битола.
Advertisement
Како што соопшти полицијата во дневниот билтен, вчера во 18.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на бул.„1 Мај“, товарно моторно возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(37), удрило во малолетник, двајцата од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Advertisement