Не може да живее без секс: Најбогатиот султан на светот и неговиот перверзен живот

news
Advertisement

Драма, бизарност, скандал и ароганција – сето тоа ќе го најдете ако погледнете во животот на елитата на Брунеј. Се верува дека нема поарогантен начин на живот од оваа земја

Advertisement

Хасанал Болкија (76) е владетел на Брунеј, човек кој живее во целосна дисхармонија со законот што му го наметнал на својот народ.

Во април 2019 година, султанот на оваа земја се најде во центарот на светското внимание кога го заостри и онака ригорозниот закон од 2013 година врз основа на шеријатскиот закон. Така, денес во Брунеј важат брутални казни, вклучувајќи каменување до смрт, ампутација на екстремитети, камшикување и тоа за постапки кои во повеќето земји не се ни толкувани како прекршоци – измама, вонбрачна бременост, носење несоодветна облека, хомосексуалност. . .

За оние кои се запознаени со ликот и делото на Хасанај, ова не е изненадување, со оглед на тоа што од 1967 година, кога дојде на власт, тој полека но сигурно се лизга кон изразен конзервативизам. Она што му даде крилја на султанот беше независноста од британската власт која следеше во 1984 година, по што тој почна да го покажува своето вистинско лице.

Брунеј има само 400.000 жители, а бидејќи е богат со нафта и гас, повеќето од нив живеат и повеќе од добро. Но, се разбира, богатството на султанот Хасанај тешко некој може да го надмине – со години беше најбогатиот човек на светот, а и денес не е далеку од тоа. Неговата палата е најголемата приватна резиденција во светот со 1.788 соби, 257 бањи и климатизирани штали за 200 коњи. Тој поседува повеќе од 7.000 автомобили, вклучувајќи ги и некои од најлуксузните на сите времиња и е најголемиот колекционер на Мерцедес во светот.
Колку пари се „фрлени“, можеби најдобро покажува фактот што за својот 50-ти роденден го покани Мајкл Џексон да ги забавува гостите, а за три концерти искеширал 17 милиони долари.

Сепак, додека владејачкото семејство добро се забавува, тоа не важи за остатокот од земјата – во Брунеј алкохолот е забранет, нема дискотеки, ноќни клубови, а забрането е да се слави и Божиќ, дури и да се украсуваат излозите на крајот на годината! На малку христијани им е дозволено да го слават во своите четири ѕида, но без јавни знаци.
Спротивно на сите закони што ги донел, самиот султан живеел и живее екстравагантно и раскошно, а неговите години биле обоени со скандали и ароганција.

Да почнеме со неговиот љубовен живот – имал три сопруги, од кои првата е неговата блиска братучетка, која работела како стјуардеса и ТВ водителка. Има вкупно 12 деца, а својот развратен начин на живот им го пренел на синовите кои во ништо не заостануваат зад својот татко. На пример, принцот Абдул Малика, неговиот третороден син, се ожени во 2015 година, а „Форбс“ оваа венчавка ја опиша како „кралска венчавка што треба да ги победи сите кралски свадби“. Тоа траеше една недела, а на главната церемонија младенците беа украсени во необични комбинезони со скапоцени камења, додека невестата наместо цвеќе држеше букет накит и благородни метали.

Свадбата траеше 7 дена!
Уште еден од синовите на султанот – принцот Абдул Матина сака да се капе во луксуз и тоа јавно да го покажува. Важи за вистинска Инстаграм сензација со повеќе од милион луѓе кои го следат, а со задоволство споделува детали од скапите патувања и прикачува фотографии од јахти, приватни авиони или додека игра поло.
https://www.instagram.com/tmski/?utm_source=ig_embed&ig_rid=7532d24c-fa68-415d-bf5e-2bfea1ba819a

А принцот Азим, вториот син на султанот, е познат по тоа што прави екстравагантни забави со славните гости, вклучувајќи ги Памела Андерсон, Џенет Џексон и Мараја Кери.
Но, сите, вклучително и самиот султан, беа засенети од приказната за неговиот брат Џефри. Во средината на 90-тите беше министер за финансии, а заедно со неговиот брат уживаше во шармот што им го даваа парите и моќта. Имале свој харем во палатата, организирале забави, а медиумите ги карактеризирале како „постојани соучесници во хедонизмот“. Џефри отишол толку далеку што имал јахта што ја нарекол „Ци*ки“, а два помали брода ги нарекол „Брадавица 1“ и „Брадавица 2“.

Оваа идилична братска врска пропадна како куќа од карти кога беше откриено дека од кралската каса исчезнале 16 милиони долари, а султанот го обвини Џефри за тоа. Тој ги негираше обвинувањата, но секако му беше одземена функцијата и „осуден“ на егзил.
Многу посериозно од проневерата на пари, фактот што Џефри предизвика скандал од меѓународни размери го погоди султанот, трајно нарушувајќи го позитивниот имиџ на Брунеј. Имено, протекоа сведоштвата на неколку девојки за сексуалните навики на принцот Џефри, а тоа неминовно доведе до разоткривање на султановите тенденции.

Поранешната мис на Калифорнија и Америка, Шенон Маркетиќ, во 1997 година откри дека била сексуална робинка во палатата, каде што првично доаѓала да работи на промоција и маркетинг за плата од 3.000 долари на ден. Се завршило со тоа што таа во реалноста била на служба на Џефри дење и ноќе, а таа откри дека била подложена на понижувачки третман и дека била затворена во палатата на султанот 32 дена.
Шенон се обиде и да ги тужи султанот и принцот во судот во Амертика, но се заврши со тоа што браќата добија имунитет од правно гонење, со оглед на тоа дека се шефови на држави. Во судските документи стои и дека Маркетиќ сведочела дека покрај неа во харемот на султанот имало 30-100 жени.
Маркетиќ не беше единствената која отворено зборуваше за нејзината агонија – по неа се појавија цела низа западни убавици кои имале „ангажман“ во султанатот, најчесто несвесни каде всушност одат.

Џилијан орен ја напиша и книгата „Мојот живот во харемот“, каде што ја откри вистината за нејзиниот престој во Брунеј. Таму пристигнала кога имала само 18 години, а на принцот Џефри му била на располагање со уште 40-тина девојки. Таа откри дека по една година и откако спиела со него повеќе од сто пати, тој едноставно ја „подарил“ на султанот кој инсистирал таа да го задоволи само орално.
Тој е луд и декадентен.

На списокот на жени со вакво искуство се најде и зајачицата на Плејбој, Ребека Ферати, која го опиша Џефри како „исламска верзија на Хју Хефнер“ со една разлика – дека нема идеја како да организира добри забави.
Она што е сигурно е дека се ближи крајот на султанот Хасанал, тој веќе старее, а тронот ќе го преземе еден од неговите исто толку ексцентрични синови. Дали ќе бидат сурови и лицемерни како нивниот татко, останува да видиме…

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.