Не само од бременоста, ова би можеле да бидат и другите 6 причини зошто ви доцни менструацијата

news
Advertisement

Доцнењето на менструалниот циклус може да предизвика стрес кај жените, кои имаат редовен циклус или се загрижени за неочекувана бременост.

Advertisement

Сепак, постојат илјадници причини зошто вашиот циклус може да доцни за кои не треба да се грижите премногу.
Подолу можете да најдете 7 можни причини за доцнење на менструацијата, а не се работи само за бременост.

1. Стрес:

Континуираниот стрес долго време може да влијае на менструалниот циклус на жената со тоа што ќе го направи подолг или пократок од вообичаеното, или во одредени случаи целосно да го запре процесот за месец или два. Некои жени велат дека доживуваат силни болки во стомакот за време на циклусот, кога доживуваат стрес во исто време.

2. Перименопауза

Просечната возраст кога се јавува менопауза кај жените е 52 години, кога жената немала менструален циклус најмалку 12 месеци. Многу жени доживуваат рани симптоми на менопауза 10 до 15 години пред менопаузата. Овој период е познат како перименопауза и предизвикува нарушување на естрогенот, што автоматски влијае на менструалниот циклус.

3. Слабеење

Значително губење на тежината или интензивниот тренинг исто така влијаат на редовниот циклус. Недоволната тежина или ниското количество телесни масти го менуваат нивото на хормоните, намалувајќи ги на нивоа каде што не може да дојде до овулација и менструација.

4. Дебелина

Исто како и губењето килограми, прекумерната тежина влијае на вашиот циклус. Во случаи кога фактор на оваа појава е дебелината, тоа значи дека жената има лоша здравствена состојба, па затоа е понеопходна посета и консултација со лекар.

5. Орални контрацептиви

Контрацептивните средства и обезбедуваат на жената еден вид на естроген во комбинација со прогестерон одредено време, што и дава неколку дена одмор од хормоните. Токму тие го забавуваат процесот на овулација, поради што циклусот доцни.

6. Хормонални нарушувања

Одредени видови на хормони, како што се пролактинот и тироидните хормони, значително влијаат на циклусот. Ако ова доцнење е предизвикано од хормонална нерамнотежа, тоа може да се види преку тест на крвта. Затоа, вашиот лекар ќе ги понуди своите упатства доколку се појави вакво нешто кај вас

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.