Николова: Нови 50 милиони евра за производство на струја, останува мерката за 80% субвенционирање на сметките

news
Advertisement

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Advertisement

Пред нас е една од најтешките зими поради глобалната економска и енергетска криза.

Постои недостаток од енергенси и електрична енергија и превисоки цени поради воената инвазија на Русија врз Украина.

СДСМ и коалицијата, преку институциите кои ги предводат и Владата, преземаат навремени мерки за заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување на соодветно количество енергија и храна за престојната зима.

За граѓаните да бидат заштитени да може да го издржат притисокот семејните буџети Владата односно државата обезбедува субвенционирање на 80% од цената на сметката за струја за граѓаните. Тоа е сериозна мерка со што граѓаните плаќаат само околу 20% од цената.

Во овој момент сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помалу приватни компании добиваат 80% субвенционирана цена на електрична енергија.

Зголемено е и домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија.

Со последната одлука, обезбедени се нови 50 милиони евра на ЕСМ, да може дополнително да го зголеми производството.

Со Ребалнасот на буџетот резервиравме 76 милиони евра за нови мерки за помош.

На сила се и мерките за заштеда на струја.

Преку иницијативата Отворен Балкан се развива и регионалната соработка во делот на енергетиката и взаемната помош на трите држави за справување со кризата.

Тоа е одговорно и државнички во време на светска енергетска криза.

Од друга страна ја гледаме опозициската ВМРО-ДПМНЕ, седат на страна, кочат, најавуваат нови блокади на Собранието, одмагаат наместо да им помогнат на граѓаните, на државата.

Тоа е истиот тој Мицкоски, кој останува запаметен како најнеуспешен директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика во владата на Груевски.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски без енергетска криза и со многу ниски цени на светските брзи, цената на струјата беше зголемена за 100%, а се набавуваше електрична енергија по цена 3-4 пати повисока од пазарната.

Очкуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат, да ги стават интересите на граѓаните на прво место и да делуваат конструктивно во време на глобална криза.

Благодарам,

Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.