Ниска излезеност на денешните избори

news
Advertisement

Портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Љупка Гугутчевска на прес-конференција ги соопшти првичните резултати за излезноста на изборите. Таа кажа дека до девет часот во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи или излезноста е 5,52 отсто, што претставува зголемување за 2.62 отсто споредбено со излезноста до 9 часот на редовните локални избори спроведени во октомври минатата година, а во Центар Жупа излегле 407 гласачи или 5,69 отсто. Во Тетово до девет часот од обработени 94 избирачки места гласале 1.755 гласачи додека останатите избирачки места се во обработка.
„До ДИК се пристигнати пет приговори за заштита на избирачко право, четири се од општина Центар Жупа и еден од општина Тетово. Сите пет приговори се прифатени“, вели Гугутчевска. Таа воедно информираше дека сите гласачки места се отворени навреме и дека гласањето се одвива тековно, без проблеми. Во текот на вчерашниот ден гласале вкупно 93 болни и изнемоштени лица и 94 гласачи кои се на издржување казна затвор или во притвор во пет казнено-поправни установи.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.