Нова иницијатива за референдум во Собранието

news
Advertisement

Политичката партија Левица вчера до Собранието ја поднесе граѓанската иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”. Партијата собрала 750 потписи кои вчера со останатите материјали ги предаде во собраниската архива.

Advertisement

Лидерот на Левица Димитар Апасиев вчера на прес-конференција во Собранието изрази верување дека ќе имаат координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање, но и како што нагласи очекува сериозно да бидат сфатени како опозиција. Тој, меѓудругото најави и целосна блокада на Собранието доколку спикерот Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива.

– Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието, рече Апасиев, додавајќи оти се надеваме во добра волја да помине оваа референдумска иницијатива.

Претседателот на Собранието Џафери на 13 септември ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш оценија дека иницијативата е во сoгласност со членот 24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна.

ВМРО-ДПМНЕ на 9 септември ја достави иницијативата до Собранието за одржување референдум откако ги собраа потребните потписи за нејзино поднесување, а претходно на 5 септември партискиот Извршен комитет го усвои и референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?”. Согласно Деловникот на Собранието, собранискиот спикер, по добивањето на предлогот за покренување на граѓанска иницијатива за донесување закон, за распишување референдум на државно ниво веднаш ја доставува до претседателот на Законодавно-правната комисија и до претседателот на матичното работно тело. Законодавно-правната комисија и матичното работно тело во рок од два работни дена до претседателот на Собранието доставуваат мислење за уредноста на иницијативата.

Парламентот. Да ја формираме таа широка коалиција денеска и утре 120 пратеници да изгласаме распуштање на Парламентот и да закажеме предвремени парламентарни. Инаку, да кохабитираме во иста Влада не, тоа не, рече Мицкоски вчера во телевизиско гостување.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ под овие околности нема да дозволи промена на премабулата на Уставот, како и дека не се откажува од барањето за предвремени парламентарни избори, но во услови на криза одлучиле да водат поинаква политика – политика на решенија наместо на конфронтации со власта. Изборите остануваат приоритет за него и неговата партија, но проценката им е дека во моментов граѓаните имаат други приоритети.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.