Нови 140.000 обрасци за пасоши , а се очекува уште една пратка од 85.000 обрасци за да се комплетира бројката од 225.000 обрасци.

news
Advertisement

ДОПОЛНИТЕЛИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ВО МВР БОЈМАЦЛИЕВ ПРЕЧЕКА НОВА ПРАТКА ОД 140.000 ОБРАСЦИ ЗА ПАСОШИ НА ГРЧКАТА ГРАНИЦА
Бојмацлиев најави дека за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира бројката од 225.000 обрасци.
Новата пратка од 140.000 обрасци за пасоши ја пречека синоќа дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Граничниот премин Богородица. Тој најави дека за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира бројката од 225.000 обрасци.
„Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе
Притоа, Бојмацалиев апелира до сите граѓани навремено да ги поднесат своите барања за промена на пасошите, и вели дека „вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи“.
Според Преспанскиот договор, пасошите без новото име Северна Македонија престанаа да важат на 13 февруари годинава. Важењето на возачките и сообраќајните дозволи со старото име, со измени во законот беше продолжена до крајот на годинава.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.