Нов бран на Ковид-19 во соседната држава

news
Advertisement

909 се новите потврдени случаи на коронавирус во Бугарија за последните 24 часа, покажуваат податоците на Единствениот информативен портал, пренесува БГНЕС.

Advertisement

13,9 отсто од направените 6.531 лабораториски тестови биле позитивни.

Најголем број заразени со Ковид-19 се регистрирани во Софија – 316 лица, потоа Бургас – 58, Варна – 54, Пловдив – 53, Сливен – 43.

Во болница се згрижени 677 лица. На одделението за интензивна нега се примени 47 пациенти. Во последните 24 часа излечени се 1876 лица. Шест лица загинаа.

Во последните 24 часа се спроведени 1.824 вакцини, со што вкупниот број на вакцини се искачи на 4.560.501 доза. / БГНЕС

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.