НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР: ОДРАЗ НА ЛИКОТ, ДУХОТ И КАРАКТЕРОТ НА ВЛАСТА ВО 7 ГОДИШНОТО ВЛАДЕЕЊЕ

news
Advertisement

НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР: ОДРАЗ НА ЛИКОТ, ДУХОТ И КАРАКТЕРОТ НА ВЛАСТА ВО 7 ГОДИШНОТО ВЛАДЕЕЊЕ НИЗ САМО ЕДЕН КАРАКТЕРИСТИЧЕН ПРИМЕР ИЛИ ВО 100 ФОТОГРАФИИ.

Advertisement

(Од готово-вересија)

Замислете некој неупатен но паметен дојденец, заинтересиран брзо да осознае каде е, и со кого си има работа, да ве праша кратко да му ја опишете власта во последните 7 години преку само еден карактеристичен пример или преку фотографии. Некој што ќе ви каже, дај ми еден пример преку кој ќе знам како власта работи, колку ја бива, колку е чесна, колку е способна и ефикасна. Пример кој е одраз на нејзиното вистински лице. Или дај ми фотографии од кои за 2 минути ќе добијам престава за власта, јасна и чиста слика.

Се согласувам дека не е лесно да се одбере еден, бидејќи ги има многу примери и остра е конкуренцијата. Но, сигурно траги-комедијата наречена “изградба на нов клинички центар” е нешто што е во првите 5 примери преку кои човек може веднаш да разбере со кого си има работа.

Во случајот не е проблем само не изградбата, туку и запирање на претходно почнатите активности за градба, раскинување на веќе потпишан договор за градба, обврска за скорешно плаќање оштета од над 20 милиона евра заради незаконско раскинување на договорот, и 7 години празни ветувања, лажни надежи и неиспех заради обид да се намести тендер

Пред да ве препуштам на фотографиите од кои и без ова потсетување се доволно јасно, за оние кои сакаат кратко потсетување:

1. Во 2014 година започнаа подоготовки и преговори со Банката за развој при советот на Европа со седиште во Париз за финасирање и стручен надѕор во постапката.

2. Во фебруари 2016 година почнати активности, во мај 2016 потпишан договорот за финасирање со банката, во октомври 2016 година започнаа нови активности за изградба односно подготовка на теренот,

3. Изработена е физибилити студија, завршена постапка за избор на градител, склучен договор за финасирање со меѓународната институционална банка со ниска преференцијална камата, направена проектна единица со банката во Министерството за здравство со тим на стручни луѓе и меѓународни експерти за изградба на клинички центри, срушена е старата зграда на гинекологија на чие место требаше да се гради новиот клинички центар, потпишана е цената на градбата плус целосно нова опрема и мебел внатре од вкупно 130 милиони евра, согласно склучениот договор. Потпишан договор за градба и за надзор. Почнато инфраструктурни активности на терен.

4. Доаѓање на нова власт на чело со Заев. Запирање на работите, најава за ревизија, прогласување на сѐ сработено дотогаш на владата и банката за лошо и погрешно. Иако секој чекор во подготовките повеќе од три години го работевме заедно со банката за развој при советот на Европа и со експертите која таа ги обезбеди, мошне внимателно, квалитетно и без брзање. Следеа чекори на една занесена власт и премиер која се однесуваа како да се знаат а светот и Македонија почнува од нив. Карактеристика својствена за незрели лидери и нова власт. Следеше незаконско раскинување на договорт со градежнитете фирми и надзорот и раскинување на договорот со банката, јавно прогласување на проектот за лош и почеток на развој на идеи за нов проект. Водач на сѐ ова беше Заев, асистент министерот Филипче.

5. Потоа седум години слушаме само лаги и ветувања, рокови и консултации, лажна надеж со измамник на чело на власта. И силен и континуиран обид да протуркаат нова и несоодветна процедура за тендер кој во минатото се употребувала и постои во Законот само и исклучиво за случаи при избор на пејачи за нова година од страна на општините, каде нарачателот независно на цената, без претходно проект бира понуда која му се допаѓа односно пејач кој смета дека најдобро би ги развеселил граѓаните при дочекот. Одеднаш наместо 130 милиони евра веќе потпишан договор, новата власт планираше и објави план за 500 милиони евра само за градба, без опрема, апарати и медицински и немедицински мебел, очигледно со цел да им остане многу за барање мито. Оваа цена е само почетна, и во неа не се влезени трошоците за инфраструктура до местото кое е речиси вон град (улици, булевари, водоводи, канализациски системи, струја, гас, паркинзи итн) кои сигурно ќе беа околу 150-200 милиони евра. Загубеното време од 7 години сега веќе донесе инфлација која најмалку 40%-50% ги зголеми трошоците за градба и набавки и се пропушти неповторлива можност Макеоднија да добие клинички центар за само 130 милиони евра со полна медицинска опрема, апарати и мебел во него во склоп на истата цена. Од е катни гаражи испланирани во клиничкиот центар.

6. Србија во Белград започна градба на нов клинички центар после нас, одамна е завршен за помалку од 200 милиони евра.

7. Клиничката болница во Штип ја оставивме на на новата власт во тек на градба и до пола изградена. 7 години нема никаков прогрес.

А сега низ 100 фотографии од електоенксите медиуми погледнете ја сликата на Македонија со оваа власт преку овој пример кој најмногу одговара на работата на оваа власт, Макеоднија под водство на Заев и неговите од СДСМ.

Доволно е да ги прочитате насловите и датумите кога се кажани.

Овој проект преставен преку овие 100 фотографии точно го опишуваат ликот, духот, карактерот, неспособноста и криминогеноста на ова оваа власт зацртан од човекот кој и после заминувањето од функцијата управува од позадина.

Не само што нема нов клинички центар туку и над 20 милиони штета ќе се плаќа.

Лагите и интригите, купувањето време и лажната надеж, се во еден пример колекција наслови на 100 фотографии.

Ако годишно просечно во Македонија умираат над 20 илјади луѓе, за 7 години би рекол дека 150 илјади луѓе од Макеоднија си заминаа од овој свет чекајќи ннов клинички центар.

Веројатно повеќе од 150 илјади неповратно си заминаа од Макеоднија по подобар живот и здравство, и почесна и поспособна власт.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=921227126033219&id=100044378201385&mibextid=WC7FNe

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.