Обвинителот Пеливанов избран за времена замена на Русковска

news
Advertisement

На шеесет и четвртата седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што се одржа денеска, Советот го назначи обвинителот Трајче Пеливанов како времена замена на досегашната шефица на Јавното обвинителство, Вилма Русковска.

Advertisement

Како што информираа од Советот за МИА, Пеливанов е назначен бидејќи во постапката која се води, а поради која Русковска е времено оддалечена од својата функција, не може да ја врши својата функција, и, како што посочуваат, бидејќи се работи за обвинителство каде што имаме сериозен организиран криминал и не треба да биде без раководител.

Logo

Македонија
Обвинителот Пеливанов избран за времена замена на Русковска

Автор:
Деск
29/08/2022 14:00

На шеесет и четвртата седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што се одржа денеска, Советот го назначи обвинителот Трајче Пеливанов како времена замена на досегашната шефица на Јавното обвинителство, Вилма Русковска.

Како што информираа од Советот за МИА, Пеливанов е назначен бидејќи во постапката која се води, а поради која Русковска е времено оддалечена од својата функција, не може да ја врши својата функција, и, како што посочуваат, бидејќи се работи за обвинителство каде што имаме сериозен организиран криминал и не треба да биде без раководител.

– Назначивме бидејќи во постапката која се води, оддалечувањето, бидејќи сегашната шефица Вилма Русковска не може да ја врши функцијата, не е таму физички, од друга страна, првата заменичка исто така е вклучена во кривичната постапка и во дисциплинската, така што мораше да се назначи лице кое ќе раководи додека е оддалечена обвинителката, додека трае оддалечувањето. Сепак се работи за обвинителство каде што имаме сериозен организиран криминал и не треба да стои без команда, без некој таму да раководи, информираше претседателот на Советот, Антонио Јолевски.

Како што образложи, доколку Русковска се врати на работа тогаш, таа ќе се врати на својата функција, а доколку тоа не се случи до истекот на нејзиниот мандат во ноември, тогаш ќе биде назначен некој од новоизбраните обвинители.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.