Петровска: Транспарентно да се справуваме со сите предизвици, граѓаните да бидат информирани и свесни за напорите за обезбедување стабилност и просперитет

news
Advertisement

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на регионален настан во формат на тркалезна маса за јавни политики, организиран од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија и од Центарот за изучување на демократија – Софија (CSD) во соработка со американскиот тинк тенк National Endowment for Democracy, посветен на зацврстувањето на демократската отпорност во Северена Македонија, особено во контекст на моменталните безбедносни предизвици на европскиот континент.

Advertisement

На настанот, како што соопштија од МО, конципиран како форум за дискусија на регионални и домашни експерти и носители на одлуки за начините како институциите, граѓанското општество и медиумите можат да се справат со авторитарните тенденции во контекст на актуелните геополитички и геоекономски околности, министерката Петровска истакнала дека глобалните предизвици се од различна природа, но се заемно поврзани и налагаат координиран одговор.

Во таа насока, министерката се осврнала и на меѓународната безбедносна средина, за која нагласила дека е покомплексна од кога било досега, вклучувајќи цел спектар на воени, политички, економски и други алатки кои претставуваат предизвик за нашите институции, економии и општества.

– Безбедносните закани не се само конвенционални и во пракса се комбинирани со хибридни алатки и методи, вклучувајќи ширење на дезинформации, сајбер напади и економски притисоци кои имаат за цел да ги дестабилизираат и поткопаат општествата и владите, рекла Петровска на панел дискусијата

Во контекст на Југоисточна Европа, Петровска подвлекла дека преку хибридни активности и влијанија, може да се влијае на забавување на европската и евроатлантската интеграција на овој дел од континентот, додека истовремено слабее европската привлечна сила.

Она што е важно сега, истакнала Петровска, е како да се бориме со овие закани и како да се подготвиме, односно како да изградиме отпорни општества.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.