Обвинителството ќе постапува по иницијативата на ДКСК за гонење на Васко Ковачевски

news
Advertisement

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прифати иницијативата на Антикорупциска за кривично гонење за испитување на евентуални малверзации при набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“.

Advertisement

Иницијативата два дена по Нова година стасала во ОЈО и е распределена кај обвинител кој ќе ги испитува наводите дали екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, заедно со други службени лица вработени во ЕСМ и во Министерството за економија, постапиле спротивно на закон.

„Иницијативата е примена во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 02.01.2024 година и е распределена кај јавен обвинител на постапување. Јавниот обвинител согласно своите надлежности ги презема сите неопходни дејствија за испитување на наводите во иницијативата по што ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука“, одговорија од ова Обвинителство за „Независен“.

ЕСМ за потребите на ТЕЦ „Неготино“ со цел рестартирање на овој субјект за производство на електрична енергија набави мазут од РКМ во вредност која може да достигне 7 милијарди и 500 илјади денари или околу 212 милиони евра.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.