Осомничениот доктор Драган Јакимовски од Онкологија бара извинување од „Слободен печат“ зашто објавивме дека е осомничен

news
Advertisement

Осомничениот доктор Драган Јакимовски од Клиниката за онкологија, кој во истрагата која ја почна Јавното Обвинителство за оваа клиника е осомничен за помагање, од „Слободен печат“ бара извинување и повлекување на текстот со наслов „На Онкологија биолошката терапија погрешно се давала на ден пред умирање, но и се штанцала на лента на секои 7 дена“. Преку неговата адвокатка Маја Кецман тој упати допис до нашата редакција во кој се вели дека „на нашиот медиум биле објавени имиња на доктори кои Јавното oбвинителство Скопје не ги соопштило на својата прес-конференција за спроведената истрага за онкологија“. „Слободен печат“ поседува цврсти докази во материјална форма за нашите тврдења изнесени во текстот дека посочениот доктор е осомничен во истрагата на Јавното oбвинителство и истите можеме да ги поткрепиме со материјални докази и сме спремни да ги докажеме на суд. Во таа смисла, ниту ќе се извиниме, ниту ќе го повлечеме објавениот текст. Кога во барањето за извинување се посочува дека „шпекулираме со кривичното дело за кое Јакимовски е осомничен“, му сугерираме на горепосочениот адвокат дека делото за кое е осомничен нејзиниот клиент, доктор Драган Јакимовски, е објавено на сајтот на Јавното oбвинителство:

Advertisement

Двајцата директори како соизвршители се осомничени за кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, а докторите за помагање при извршување на истото кривично дело.

„Па така името на доктор Јакимовски Драган иако не беше споменато на прес-конференцијата на ОЈО, вие на вашиот портал го објавивте на 31.01.2024 и притоа изнесувате невистини односно пишувате имиња и презимиња на доктори кои не беа кажани, односно ОЈО-Скопје на пресот не изнесе ни иницијали, а камоли имиња и презимиња, па притоа изнесувате и неточни информаци-шпекулаци и за кое кривично дело наводно е осомничен“, се вели во дописот до „Слободен печат“ во кој се бара извинување и повлекување на текстот.

Во него се додава: „Вашите нецелосни и невистинити пишувања му нанесуваат штета на угледот на подносителот и поради тоа бараме повлекување и јавно извинување, врз основа на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и објавување на овој демат во целост“.

„Доктор Драган Јакимовски не е согласен никој да ја валка медицинската професија, а посебо неговата долгогодишна беспрекорна кариера. Мораме да потенцираме дека докторот уште работи на Онкологија и секој ден се бори за секој човечки живот и не дозволува да е соучесник и да ги брани тие што се одговорни за тоа што се случува на Клиниката за онкологија“, се додава во дописот.

„Слободен печат“ нема објавено дека докторот е сторител на кривични дела, туку дека е осомничен во истрагата на Јавното Обвинителство за што поседуваме материјални докази.

Извор. https://www.slobodenpecat.mk/osomnicheniot-doktor-dragan-jakimovski-od-onkologija-bara-izvinuvanje-od-sloboden-pechat-zashto-objavivme-deka-e-osomnichen/?fbclid=IwAR300_iPPIStqVsgLkObMeK1x87DHUyPgjzkNOWlKna-GY3O21ocjiPslls

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.