Пенов ќе почека да стане министер, предлогот стаса, но седница се уште нема

news
Advertisement

Владата го достави до Собранието предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но се уште нема информација кога ќе се одржи пленараната собраниска седница за негов избор.

Advertisement

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи седницата за изборот на Пенов, кој е предложен на оваа позиција откако досегашниот министер Горан Милевски од лични причини поднесе оставка.
Во Собранието денеска се одржуваат средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери на која ќе се договараат следните активности.

Засега официјално на веб страната на Парламентот за денеска се закажани две седници на Законодавно правната комисија, додека утре ќе има посета и обраќање на претседателката на Националниот совет на швајцарскиот Федерален парламент, Ирене Келин, како и седница на Комисијата за култура.

Нова собраниска седница Џафери од поодамна има закажано за 17 октомври.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.