Подкастот на Меган Маркл го симна Џо Роган од тронот и стана најслушаниот во светот

news
Advertisement

Меган Маркл го зазеде првото место на најслушаните подкасти на „Spotify“ и го симна од тронот Џо Роган.
Меган Маркл искрено проговори за шокантната ситуација од кралската турнеја: Изби пожар во собата на Арчи
Првата епизода од подкастот „Archetypes“ на војвотката од Сасекс привлече милиони слушатели ширум светот и успеа да се искачи на првото место во САД, Канада, Австралија, Ирска и Велика Британија. За само два дена откако се појави на „Spotify“, подкастот вреден 18 милиони долари го престигна популарниот и контраверзен Џо Роган, кој го држеше првото место цели три години.
Војвотката од Сасекс го опиша проектот „Archetypes“ како подкаст во кој ќе ги истражува и ќе ги поткопува етикетите кои се обидуваат да ги ограничат жените. Во првата епизода, Меган ја покани тениската ѕвезда Серена Вилијамс да разговара за нејзината кариера како и за заблудите за амбициозните жени.
Критичарите имаа што да кажат
Сепак, критичарите беа нешто помалку воодушевени од подкастот отколку слушателите. Еден ден по објавувањето на првата епизода, подкастот на Меган беше „погребан“ од критичарите кои сметаат дека војвотката не се снашла многу добро во новата улога и дека премногу зборувала за својот живот.
„Првата гостинка е Серена Вилијамс, но тениските ентузијасти кои би се вклучиле би биле можеби малку разочарани. Целиот подкаст е всушност за Меган, бидејќи на Серена ѝ беа потребни 11 минути за да дојде до збор. Тешко е да се поверува дека за снимањето на епизодата ѝ биле потребни 28 луѓе, вклучувајќи осум извршни продуценти и самата Меган“, пишува „The Spectator“. „Подкастот е интервју со оваа инспиративна спортистка само по име. Ако остатокот од сезоната e нешто како премиерата, она што навистина ќе го слушаме недела по недела е како Меган се интервјуира себеси“, посочи Селија Волден од „Daily Telegraph“.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.