ПОЖАРОТ ВО АВСТРАЛИЈА СЕ ШИРИ СО ГОЛЕМА БРЗИНА Евакуирани илјадници луѓе од загрозените подрачја
Австралиското биро за метеорологија денеска издаде предупредување за екстремна опасност од пожар во повеќе области поради топлото време, сув ветер и потенцијални грмежи, температурата во северозападниот дел на државата Викторија во попладневните часови надмина 40 степени Целзиусови.
Властите во австралиската држава Викторија наредија евакуација на повеќе од 2.000 луѓе од градовите во западниот дел на регионот поради шумски пожар кој не е под контрола.
Државната служба за итни случаи ги повика жителите на градовите Раглан и Бофор, со вкупно население од околу 2.000 луѓе, како и луѓето од околните области, да заминат додека е сè уште безбедно и да се упатат на исток кон Баларат, оддалечен 95 километри од Мелбурн.