Пожар на британски носач на авиони во Шкотска, десет морнари повредени

news
Advertisement

Пожар на британски носач на авиони во Шкотска, десет морнари повредени

Advertisement

Десет морнари се повредени во пожар што избувнал на носачот на авиони „Кралица Елизабета“ на британската морнарица, јавуваат денеска медиумите во Велика Британија.

Според „Мирор“ и „Дејли меил“, бродот вреден 3 милијарди фунти се запалил минатата недела додека бил закотвен во пристаништето Гленмален во Шкотска. Пожарот избувнал во делот за климатизација на спалните соби на морнарите и притоа се уништени околу 100 кревети.

Екипажот и шкотската противпожарна служба спречиле пожарот да се прошири.

Бродот во Гленмалан требало да истовари муниција, но кога избувнал пожарот, на морнарите им било наредено да се евакуираат.

Британските медиуми нагласуваат дека пожарот настанал кога дел од екипажот имал слободна вечер и се забавувал во локалните пабови.извор Слободен печат

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.