Почина легендарниот фудбалски стратег Мирослав Чиро Блажевиќ

news
Advertisement

Почина легендарниот фудбалски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ по долга и тешка борба со ракот.

Advertisement

За два дена требаше да го прослави својот 88 роденден.

Првпат му беше дијагностициран рак на простата во 2011 година, но Блажевиќ се избори со болеста. Една година потоа, тој беше опериран од меланом во почетна фаза. Во септември 2019 година, тешката болест повторно се врати, а за жал овој пат Чиро не излезе како победник. Мирослав Чиро Блажевиќ е роден во 1935 година во Травник, каде што ја започна својата играчка кариера.

Фудбал играше до 31 година, кога стана тренер на швајцарскиот Сион, а во 1979 година ја презеде репрезентацијата на Швајцарија. Неговиот подем како тренер започна во 1979 година, кога дојде во Риека.

На крајот на сезоната му се приклучи на Динамо, со кој ја освои титулата југословенски шампион во 1982 година.

Со Динамо следната сезона го освои Купот на Југославија, а на крајот од сезоната за првпат го напушти Динамо во швајцарскиот Грасхопер со кој го освои швајцарскиот шампионат. Од 1994 година ја водеше хрватската репрезентација.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.