Почна собраниската седница за избор на двајца нови министри во техничката Влада

news
Advertisement

Собранието ја продолжи 143. седница со расправа за изборот на нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација откако во петокот беа разрешени Фатмир Меџити и Азир Алиу од Алијанса за Албанците.

Advertisement

За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација – Наим Бајрами.

Предлозите кратко пред пратениците ги образложи техничкиот премиер кој посочи дека од она што на пратениците им е пратено за нивните биографии, нема што да додаде затоа што, рече, за нив говорат нивните дела.

Собранието минатата недела со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите од Алијанса за Албанците Фатмир Меџити и Азир Алиу. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Меџити и Алиу беа разрешени по предлог на техничкиот премиер кој од собраниската говорница, образложувајќи го предлогот за разрешување, рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.